Астрономите го објавиле истражувањето за таинствените сигнали кои стигнуваат од далечните галаксии, сигнали кој ги примил телескоп во Канада.

Потеклото на овие радио- бранови засега се уште не е познато. Меѓу 13 интервали на брзи радио бранови (ФРБ), се повторувал еден многу необичен сигнал, кој доаѓал од ист извор, од нас оддалечен околу 1,5 милијарди светлосни години.

Сега кога воочивме уште еден ФРБ сигнал, можеме да претпоставиме дека во вселената ги има повеќе. Со повеќето повторувања и изворот кои можеме да ги проучуваме, можеби ќе успееме да ја решиме оваа космичка загатка, од каде доаѓаат тие сигнали и што ги предизвикува, истакнала астрофизичарката Ингрид Стаирс од Универзитет Бритиш Колумбија.

Овој телескоп започнал со работа минатата година и веќе детектирал 13 радио бранови од космосот.

Телескопот КХИМЕ (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment) кој се наоѓа во долината Оканаган во Британската Колумбија во Канада се состои од четири полуцилиндрични антени. Секоја е долга по 100 метри, а со овие антени може да се проучува целото северно небеско подрачје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.