Дваесет и седумгодишен маж од северен Израел во понеделникот беше обвинет за убиство на неговата мајка и криење на нејзиното тело минатиот месец, откако таа се преобрати од ислам во православно христијанство.
Според обвинението, Раша Муклаша (46) го напуштила својот сопруг и ги прекинала врските со своите пет деца – вклучувајќи го и осомничениот Муад Хиб – во 2006 година. Потоа се преселила од градот Зарзир во Ноф Хагалил и се преобратила во христијанство.
Откако ја зел Муклаша во својот автомобил, тој „ја задавил со јаже или со раце, сам или со други“, се вели во судските документи.
Потоа отпатувал кон реката Јордан.
Таму, тој ископал јама и го закопал телото, се вели во обвинението. Тој го покрил местото со камења и суви лисја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.