Сузана Турунџиева се огласи на социјалните мрежи, откако цела ноќ звонел нејзиниот телефон, а како што напиша, нотификации на загрижени пријатели стигнувале на секои две-три секунди, по несреќата во Бугарија во која се запали македонски автобус. Македонската водителка заедно со нејзината пријателка Атиџе Муратовска од „Медена земја“ деновиве исто така беа во посета на Истанбул.
Тажно, многу тажно утро. Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ви благодариме за грижата. Многу нè потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови, пишува Турунџиева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.