Температурата измерена во недела во Долината на смртта во југоисточна Калифорнија достигнала дури 54,4 степени целзиусови, што веројатно е највеќе откако постојат мерењата со живин термометар од 1913 година.

Доколку податоците на Националната служба за метеорологија на САД се точни, истовремено станува збор од една од трите највисоки забележани температури во Долината на смртта, сместена југоисточно од планинскиот масив Сијера Невада, како и највисока температура измерена за време на август, пишува БиБиСи.

Долината смртта го држи рекордот кога станува збор за највисока било кога евидентирана температура на нашата планета – 56,6 степени целзиусови која според Гинисовата книга на рекорди е забележана во 1913 година, но овој податок по мислењето на многу научници е спорен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.