Црквата во Хрватска се чини дека сака да се модрнизира, па во шибенска црква одлучиле наместо свеќи, кои луѓето традиционално ги палат, да постават светилки што глумат свеќи. Тие се палат кога ќе се уфрли една куна и горат неколку секунди, па се гасат, додека некој друг не уфрли куна.

Ако има повеќе луѓе што ќе уфрлат паричка, тоа ќе биде лајтшоу, во шега коментирале некои верници.

Од црквата во ценатрот на Шибеник за хрватски „Телеграм“ објаснуваат дека електичните свеќи не биле нешто ново во светот, особено во Италија. Така било и попрактично зашто црковсниот простор се штител од чад кој со времето ги зацрнувал црковните ѕидови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.