Редок феномен се случи викендов во битолското село Лажец каде се роди двоглаво теле. Младенчето засега е живо и се однесува нормално, согласно состојбата во која се наоѓа.

Телето, како што пренесува на Гласот на Америка, има споени черепи, два пара очи, две усти, две уши. Дише регуларно, цица млеко и полека се исправува на нозе.

Телето се родило во петокот вечерта, на 16 април, во одгледувалиштето на фармата „Натали 2005“, а на свет дошло живо со помош на ветеринарите од амбулантата „Филипов“ од селото Кравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.