Утринава во Белград во рамките на „Белград на вода“ српскиот претседател Александар Вучиќ го отвори најголемиот шопинг центар на Балканот, „Галерија Белград“.
Се работи за трговски центар лоциран на самиот брег на Сава кој се простира на 300.000 квадратни метри површина, од кои 93.000 квадрати е простор за издавање, а ќе има и 3.600 паркинг места.
Во „Галерија“ се отворени 300 локали и 50 ресторани, како и кино со повеќе од 1.700 седишта.
Во шопинг молот „Галерија Белград“ чиј сопственик е компанијата „Игл Холс“ се лоцирани продавниците на најголемите светски брендови, што го прави за еден од најголемите шопинг центри во Југоисточна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.