Во Србија се затворени сите угостителски објекти, трговски центри, сите продавници освен прехранбените, кината, музеите, галериите, козметичките и фризерските салони, салоните за убавина, обложувалниците, казината, детските игротеки, теретаните, вежбалниците, фитнес-центрите, базените и местата за спорт, но видето кое го објавуваме покажува нешто сосема друго.

Улиците во Белград се полни со млади кои ниту носат заштитна маска, ниту одржуваат дистанца, а во земјата бројките на заразени и починати од ковид-19 секојдневно растат.

Викендов се очекува и голем број Македонци да пристигнат во Белград и да се вакцинираат против ковид-19, бидејќи во Македонија се уште не се пристигнати вакцините за масовна имунизација на населението. Досега во Македонија се вакцинираа околу 6.000 медицински лица и тоа со вакцини кои ни ги подари Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.