Австралиски истражувачи го открија најстарото уметничко дело во земјата, врежано во карпа, а на фреската се гледа кенгур насликан пред 17.300 години. Двометарското дело е нацртано со црвена боја.
Сликата во карпа е пронајдена во областа Кимберли во Западна Австралија, позната по своите слики во карпи од Абориџините. Наодот е објавен во списанието „Нејчр хјуман бихејвиор“.
Научниците сметаат дека ова е најстарото недопрено уметничко дело во Австралија.
На почетокот на оваа година, истражувачи ја пронајдоа и најстарата слика во пештера во светот – свиња во природна големина. Таа е стара 45.000 години, а се наоѓа на островот Сулавези, во Индонезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.