Интересен гостин имаме во „Клик Плус“ вечерва на ТВ21. Нумерологот Мими Силјановска – Главиновска, која што лани погоди дека изборите нема да се одржат на 12 април, и тоа така беше.

Побаравме од Силјановска – Главиновска да ги каже очекувањата од 2021 година. Таа рече дека пандемијата ќе заврши, но дека тоа нема да се случи веднаш, туку некаде кон крајот на првиот квартал.

Силјановска-Главиновска симболично ја симна маската кога почна да зборува за 2021 година, и со тоа најави дека „ќе ги извадиме маските“.

Целиот разговор можете да го видите на ТВ 21

„Симболично ќе ја извадам маската, затоа што во 2021 година можам да кажам дека ќе ги извадиме маските, ќе бидеме ослободени. Ќе имаме бал, но не маскенбал. Идната година ќе биде во бројот 5, кој е убав број“, рече Силјановска – Главиновска.

Таа истакна дека 90% бројките кажуваат дека на пандемијата ќе и дојде крајот.

„90% на пандемијата ќе и дојде крајот“, рече Силјановска-Главиновска, и рече дека тоа ќе се случи некаде во март-април идната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.