Уште во 2018 година ѝ соопшти на јавноста дека пристигнува нов вирус кој ќе го измени животот на планетата, но никој не ја сфати сериозно.
Го предвиде цунамито на Тајланд, исчезнувањето на авионот во Малезија, војната во Сирија, доаѓањето на Макрон и на Трамп на власт, сите деца на принцот Вилијам и на крај – коронавирусот.
Британката Роксен Фурнивал сега има нова порака за сите, а се однесува токму на периодот што следува, објави East Coast daily
За жал, не го гледам крајот на оваа пандемија во 2021 година. Напротив, гледам проблеми во 2022 и 2023 година. Вакцината ќе им помогне на луѓето, а оние кои нема да ја примат ги чека исклучително тежок период. Коронавирусот повторно ќе дивее низ Европа на крајот од годината, конкретно во ноември и во декември. Не резервирајте однапред хотели за зимување. Всушност, не гледам ништо убаво и стабилно се’ до 2024 година, за кога моите карти покажуваат хармонија во светот. До тогаш, колку што гледам луѓето често ќе се вакцинираат, открива Роксен.
Таа повеќе од две децении гледа на карти и засега речиси без грешка ги дала своите предвидувања, пренесува „Велс онлајн“.
Роксен уште во 2018 година ги предупреди Британците дека „вирусот кој доаѓа“ ќе ги натера да заборават на летување во 2020 година.
Видов многу страдања, болка, солзи.. Знаев дека е во прашање некој вирус, но ниту јас не очекував дека ќе биде толку опасно и сериозно кога се појави Ковид-19. Гледам трајно симнување на маските во 2024 година, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.