Архивите на политбирото и на Комунистичката партија на Бугарија откриваат интересни факти поврзани со односот на тогашната власт на чело со Тодор Живков. Во 1984 година во градот Крџали на границата со Турција каде живее турско малцинство, била спроведена операција наречена „повторно раѓање“. Со неа околу 100.000 Турци биле принудени да се пишат Бугари.

Во областа биле донесени матичари и им биле издадени нови документи со бугарски имиња. Па така, Асен станал Асан, Алија се прекрстил во Илија, а Ајше станала Марија.

Само неколку години подоцна, во 1989 година пак турското малцинство било протерано во Турција кога границата се отворила, а само мал дел се вратиле во Бугарија. Веднаш по оваа операција од власт бил симнат Тодор Живков.

Преземено од Пресинг.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.