Кити Спенсер и Мајкл Луис повеќе не ја кријат својата романса. Откако со месеци кружеа шпекулации дека се во врска, тие беа фотографирани заедно во јавност.

28-годишната внука на принцезата Дијана го прегрнуваше 60-годишниот милионер за време на прошетка во Менхетен.

Пред неколку дена, тие беа фотографирани додека излегуваа од хотелот „The Mark“.

Се шпекулира дека Кити и Мајкл се во врска од април минатата година. Богатството на Мајкл се проценува на 80 милиони фунти. Тој е разведен татко на три возрасни деца.

Кити се прослави низ целиот свет за време на кралската свадба на Хари и Меган, кога привлече големо внимание со својот стајлинг.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.