Сите сакаме облеката да ни биде пријатна на допир и убаво да мириса, но омекнувачите за алишта не се погодни за секаков тип на ткаенини.

Следен пат кога ќе перете алишта, направете внимателна селекција и за оние парчиња за кои не се додава омекнувач, изберете течни детергенти за перење наменети специјално за тие ткаенини.

Материјали од микрофибер

Благодарение на цврсто преплетените нишки, ткаенините од микрофибер се неверојатно издржливи и имаат огромна моќ на впивање. Ако им ставате омекнувач, полека ќе ја уништите нивната делотворност и ќе го скратите рокот на траење на микровлакната, а со тоа и на парчето облека или друг предмет од ваква ткаенина.

Спортска облека

Овие парчиња гардероба се прилагодени за интензивно потење. Направени се така за да ја впиваат потта за време на вашата физичка активност. Омекнувачот остава слој што ги спречува тие својства.

Работнички одела

Овие одела се изработени од посебна ткаенина отпорна на оган. Омекнувачот негативно делува на нивните својства на отпорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.