Партијата ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за починувањето на поранешниот градоначалник на општина Центар Жупа, Мазлум Хасан.

Неговото заминување е од непроценлива загуба за неговото семејство, неговите пријатели. Заминувањето на Хасан е загуба и за турската заедница во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ соработуваше со Хасан за време на неговиот мандат, а Хасан беше и наш голем пријател. Тој со својот ангажман има придонес за развојот на Центар Жупа и целиот регион, промоција на културата и традицијата од тој дел на нашата земја – се вели во пораката за сочувство од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.