Вицепремиерот Кочо Анѓушев, шефот на дипломатијата Никола Димитров, министрите Љупчо Николовски и Венко Филипче синоќа беа дел од карневалската треска која ја зафати Струмица. Тие заедно со премиерот и првата дама на Владата уживаа во дефилеата на карневалските маски.

Струмички карневал – без маски, ама со мерак и насмевки – Ги бркаме лошите! – напиша на Фејсбук министерот Димитров.

Покрај нив гостин на карневалот беше и евроамбасадорот Сејмуел Жбогар.

(фото: Влада на РМ)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.