Владата денеска на редовната втора седница донесе одлука од резервите на Буџетот за 2020 година да бидат одобрени 6.000.000 денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија.

Повеќе од пет милиони хектари земја се изгорени во пожарите што ги зафатија сите шест австралиски држави и една територија, во кои има и човечки жртви и стотици уништени имоти.

Во изминатите денови се регистрирани екстремни температури во државите Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Во делови од Сиднеј викендот беа измерени 48 Целзиусови степени и ветрови од 80 км на час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.