Вработените во крематориум во Кина доживеале вистински шок, кога мртво бебе заплакало само неколку минути пред да го кремираат.
Ан Ан е роден предвреме во болница во Кина на 8-ми јануари, а прогласен е за мртов на 4-ти февруари, 2016-та година. Момчето кога се родило било тешко помалку од еден килограм. Во инкубатор било 23 дена, а потоа родителите сакале да го однесат дома за заедно да прослават Нова Година.
Меѓутоа, тогаш на детето му се влошила состојбата, па таткото Лу веднаш го однел во болница, каде лекарите констатирале дека на бебето му запрело срцето и го прогласиле за мртво, пренесува „pink.rs“.
Таткото Лу го однел во мртовечница, а таму се случило чудо.
После 15 часа, почнавме да го подготвуваме погребот, кога нè исплаши плачот кој го слушнавме. Не знаевме што се случува, бевме навистина преплашени“, раскажува еден од вработените во крематориумот.
Малиот Ан Ан поминал повеќе од 15 часа во мртовечница, на температура од -12 степени целзиусови, а сè уште на никој не му е јасно како оживеал и преживеал.
Веднаш му се јавив на таткото на бебето и му реков дека детето е живо“, рекол вработен во мртовечницата, додека лекарите овој случај го опишале како чудо.
Работам 20 години како педијатар, никогаш ништо слично не сум видел ниту доживеал“, рекол еден од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.