Во јужниот кинески град Шенжен беше наредена итна евакуација откако необјасниво почна да се ниша една од највисоките згради во Кина, облакодерот „СЕГ Плаза“, кој е висок скоро триста метри.
Завршена во 2000 година, во срцето на еден од најбрзо растечките градови во Кина, кулата е дом на еден од најголемите пазари на електроника и има различни канцеларии.
Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува што предизвикало нишање на облакодерот.
По проверка и анализа на податоците на различните станици за набљудување на земјотреси низ градот, беше заклучено дека немало земјотреси во Шенжен. Причината за нишањето се проверува од различни причини – се вели во соопштението.
Засега е непознато што ќе стори владата во случајот со опасната зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.