Само во еден ден наполитанците нарачале и изеле 60.000 пици, откако италијанската влада, во рамки на попуштање на мерките за забрана поради епидемијата, им одобрила на пицериите да доставуваат храна на домашна адреса.
Нарачките биле толку бројни што пицериите морале да прават листи на чекање, а најбарани биле пиците “Маргарита” и “Маринара”, кои се и наједноставни по составот.
Тоа е импресивна бројка со оглед на фактот дека во градот работеле само оние пицерии кои успеале навреме да го дезинфицираат работниот простор, по одлуката од пред 2 дена дека нивната работа е повторно дозволена.
Исто така од Неапол пристигнува и веста дека локалниот сопственик на пицерија, Ерико Порсио, започнал хуманитарна акција наречена “Една корона пица”. Целта на акцијата е да се испорачуваат најмалку 50 пици секој ден на поединци или семејства кои немаат пари.
Пицата, едно од најпознатите јадења во светот, своевремено била храна на сиромашните во јужната италијанска покраина Кампанија.
Според некои историчари, пицата е родена уште во времето на антички Рим, кога на војниците кои се бореле за империјата им се давало брашно и некоја друга храна, а тие морале да се снајдат како да направат јадење од тие намирници.
Тестото за пица, за нив било замена за садот од кој јаделе. Пицата стекнала светска слава во Америка во 80-тите години на минатиот век, каде на неа се сетиле и започнале да ја прават и продаваат сиромашните италијански имигранти.
Во 80-тите години на минатиот век, пицата “како славна” се вратила во својот дом. Пицериите станале омилено место за семејно излегување на ручек, а од првите наједноставни и најсиромашни состојки, списокот на пици се проширил на над стотина.
Речиси секој италијански регион има некоја своја посебна пица.
Тоа е јадење што се јаде речиси насекаде во светот, но добрите познавачи тврдат дека секој кој еднаш ќе вкуси пица во Неапол, повеќе ниту една нема да му биде доволно добра или вкусна.
Специфичноста произлегува од тестото кое мора да биде тенко, крцкаво, но не и тврдо во исто време, а состојките само го додаваат или одземаат вкусот и квалитетот на ова јадење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.