Кога 50.000 литри вино почнуваат да бликаат од пукнатината на огромен челичен резервоар, нема сомнеж дека штетата на сопствениците е огромна. Во винарската визба „Бодегас Витивинос“ во централна Шпанија, присутните сведочеа како изгледа гејзер и река вино за неколку минути.

Видеото кое се шири низ друштвените мрежи покажува како виното тече од огромен резервоар од не’ рѓосувачки челик во кој може да се складираат 50.000 литри и како за помалку од една минута сè се истура на асфалтот во кругот на фабриката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.