Принцот Хари и Меган Маркл ја прекинаa традицијата и веста за раѓањето на синот ја објавиле прво на Инстаграм. Принцот Хари одлучи да ѝ оддаде почит на својата мајка Дајана, на начин на кој неговиот брат Вилијам никогаш порано не ѝ оддал.

Хари во објавата за раѓањето на својот син ги споменал своите две тетки и вујко, грофот Чарлс Спенсер.

Нејзиното Кралско Височество војвотката од Сасекс утрово го роди својот син во 5:26. Момчето е тешко 3,26 килограми. Војводата од Сасекс беше присутен на породувањето. Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвал, војводата и војвотката од Кембриџ, лејди Џејн Феловес, лејди Сара МекКоркуодел и Ерл Спенсер се воодушевени од оваа вест. Мајката на војвотката, Дориа Рагланд, е пресреќна поради доаѓањето на својот прв внук, и сега е со Кралското Височество. Нејзиното Кралско Височество и бебето се добри – гласи полната изјава од Бекингамската палата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.