Пред да стапат во брак и добијат три деца, според пријателите, Кејт Мидлотн и принцот Вилијам едвај ја одржувале врската. Како што се наведува, Вилијам бил многу тврдоглав и се морало да биде по негово. На Кејт тоа не и годело, но била повеќе од стрплива.

Блиските пријатели на денешната војвотка од Кембриџ во книгата Вилијам и Кетрин, објасниле дека принцот својата избраничка ја држел на краток синџир. Кон неа тој се однесувал како со слугинка и имал тенденција да не ја слуша кога зборува, туку да ја прекинува и започнува конверзација со друг.

Парот во 2007 година раскинал на кратко, а пријателите тогаш биле благодарни на Бога затоа што конечно дошол крај.

Пријателите на Кејт Мидлотн извикнаа фала на небесите на раскинувањето- пишува во книгата.

Со години истите тие луѓе гледаа како ги напушта нивната Кејт, бидејќи сегашната принцеза била во целост подредена на принцот.

Врската им била полна со подеми и падови и како што велат, често на ивица на раскинување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.