Студентите на завршната година на Фармацевтскиот факултет во Сараево ја обвинија професорката  д-р Едиса Трумиќ дека зборувајќи за нив, користела непримерни зборови.

Снимката на која се слуша како професорката упатува погрдни зборови на сметка на своите студенти, настанал за време на пауза во предавањето, откако таа заборавила да го исклучи својот микрофон. Како што тврдат студентите, таа во еден момент ги нарекла дури и кучиња.

Студентите наведуваат дека целата снимка од предавањето, вклучувајќи го и спорниот дел настанат на пауза, снимена е на платформата на Гугл Мит, пренесува Радио Сараево.

За време на првата пауза, таа се одалечила од својот компјутер на кој не го исклучила микрофонот, па во комуникација со господинот кој се наоѓал во истата просторија, не нарече нас студентите кучиња, а дотичниот господин и рече кој не е*е и дека таа е главна. Сведоци на разговорот се сите студенти, после што го напуштија предавањето со оглед на тоа дека доживеавме огромно понижување – рекле тие.

Од друга страна, во кратка изваја за медиумите, професорката изјавила дека е сигурна дека микрофонот го исклучила и дека не знае како настанала снимката, ама дека сигурно не го употребила изразот кучиња, кога се работи за студентите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.