Во салите за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа сите присутни се опуштале со виски и цигара. Вилата имала куглана, сала за билјард, па дури и кино, а денес тој сјај на раскошното време исчезнал…

Денес девастираната Вила извор или Објект 99, како што ја нарекуваат жителите и луѓето од Националниот парк Плитвица, сместена е далеку од погледот на сите, во затскриен дел од паркот, и претставува само рушевина која што е спомен на некогашниот сјај.

Во времето на градењето на Вила извор, таа била најскапата претседателска резиденција. По Втората светска војна, ја граделе затвореници од Градишка, Митровица и Голи оток.

Се смета дека името ‘Објект 99’ го добила поради тоа што ја граделе 99 робијаши. Малкумина знаат и за подземниот тунел со должина од 80 метри кој што служел како таен излез. Денес вилата е само еден напуштен простор кој што е спомен на едни добри времиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.