Веќе неколку месеци наназад во медиумите и на социјалните мрежи е актуелна веста дека вицепремиерот Бујар Османи најверојатно бил на пресадување на коса, естетски зафат кој што станува се популарен кај нас. Фотографии од заменик – претседателот на Владата, од типот пред и потоа, каде се прават споредби со неговата постара фризура и со сегашната, редовно можат да се видат на социјалните мрежи.
И додека едни тврдат дека Османи пресадил коса, други дека носи надградба или пак перика, „Фокус” реши да ја открие „мистеријата”.
Не станува збор за пресадување на коса, иако кога би имал можност, би сакал – се смее вицепремиерот. Имам нов бербер, од Скопје е, задоволен сум од тоа како ми ја средува косата. Станува збор за едноставна работа, единствено косата ми е пуштена подолго, значи потпорасната. Немам комплекси за косата, само новиот бербер се докажа како многу вешт, раскажува Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.