Популарниот музички пар Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ го напуштиле станот во кој живееле со пејачката Весна Змијанац, пренесува „Сцена“.
Имено, меѓу мајката на Николија и Реља постоеле многу несогласувања кои траеле веќе подолго време, па донеле одлука да изнајмат сопствен стан во кој ќе живеат заедно со ќеркичката Реа.
Од моментот кога Николија се породи, заедно со ќерката и Реља живеат во станот на Весна. Таа секогаш беше тука за нив за да им помогне, а во текот на летото најчесто времето го минува во викендицата на село, па имаа и време само за себе, но секое враќање на Весна во станот носеше нови несогласувања. Постојано се чувствуваше тензија и конечно Реља успеа да ја наговори Николија да се отселат“, рекол извор близок до семејството.
На Змијанац не и се допаднала идејата за преселба, но е свесна дека вака ќе биде подобро.
Николија и Реља сериозно разговараа за преселбата и донесоа одлука која што и ја соопштија на Весна. Навикна да минува време со внуката и не беше среќна кога и кажаа, но што е, тука е. Најдоа стан во близина на центарот на градот, а во моментов се во преговори со агенцијата“, додал изворот.
Дека Николија и Реља го напуштиле нејзиниот дом потврдила и самата Весна за „Блиц“.
„Да, се преселија, и тоа е се што ќе ви кажам“, рекла Змијанац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.