Актерката Весна Бејби Петрушевска на социјалните мрежи изрази згрозеност од  одлуката на велешкиот суд напаѓачот на 17-годишната Мартина Дејаноска да добие само една година ефективен затвор.

Петрушевска искажува поддршка за девојката и порача дека пред неа е долг и тежок период.

Една година затвор? 23 месеци траел процесот? Па што ви требаше толку долго и на крај да сте срам со пресудава. Ова девојче, колку нам да ни се чини храбро со својата изјава, пред неа е тешка борба на совладувања, премрежја, ментални состојби за кои многу малку се зборува. Мартина е херој, но ние како општество и правосуден систем сме ја разочарале.

 

Не ни можете да замислите што и се случувало кога гледала дека предаторот оди на работа во образовна институција. Жртвата никогаш не е виновна и аман разберете дека е нула толеранција за најмал допир кон малолетно дете од страна на возрасен!!!! Срам да ви е Велес! Срам за судијата во Велес! – реагира Петрушевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.