Парите се енергија, а енергијата мора да се движи! Неред не смее никаде да постои бидејќи може да направи финансиски блокади. Барем така тврдат познавачите на повеќе техники за уредување и благосостојба во домот.
Тука пренесуваме дел од нивните совети:
1. ВЛЕЗ
Ако посетителот не може лесно да ја пронајде вашата влезна врата, нема да може ниту енергијата на парите. Темен приод кон вашиот влез би можел да донесе мрачна иднина, лоша кариера и тешка заработувачка.
КОРЕКЦИИ: Поставете добро осветлување (Јанг енергија) и поставете декорации пред влезната врата. Со тоа им приредувате срдечно добредојде на посетителите, но и на приходите.
2. НЕРЕД
Ако домот е исполнет со неред или дел од просториите се неуредни или без осветлување, не треба да се изненадите ако немате добри приходи.
КОРЕКЦИИ: Расчистете го нередот колку што е можно поскоро, наредете ги предметите во пакети и повремено оставете преку ноќта вклучено светло.
3. ВЛЕЗ
Влезната врата се дел од просторот кој претставува влез на енергија, нови можности и достигнувања. Влезната врата е главен коридор за текот на парите. Правилото вели: Ако курирот не може да ја најде вашата влезна врата, нема да можат ниту парите!
КОРЕКЦИИ: Чергиче со порака за добредојде е одличен пречек за секој посетител, па и за парите.
4. ВНАТРЕШЕН „ПОГЛЕД“
Ако прозорците се она што го гледате кога ќе влезете во вашиот дом, нема да може да ги задржите парите што ќе ги заработите.
КОРЕКЦИИ: Распоредување на декоративнни саксии со цвеќе покрај прозорците или пак, ќерамички статуетки, може да го ублажи одлевањето на парите.
5. ПОЛОЖБА НА ДОМОТ
Дом на крајот на „Т“- крстосница: Парите редовно се губат. Дом во дел на „слепа улица“: Височината на приходите никогаш не е доволна. Дом зад кој протекува река: Потешкотии при плаќање на сметките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.