Православната црква и верниците денеска го одбележуваат денот на Светиот маченик Конон Исавриски.

На овој светец му починале родителите и жената, а тој се повлекол потполно од светскиот живот и се предал на молитва и богомисла. Направил големи чуда и многумина преобратил во христијанство. Меѓу другото, ги приморал злите духови да му служат.

При едно гонење, бил фатен и мачен и целиот избоден со ножеви. Со неговата крв се мачкале болните и закрепнувале.

Бил роден во Назарет. Благ и незлобен, и во се угоден на Бога.

На денешен ден, верниците ги средуваат бавчите, косат трева, а болните се замиваат со вино, надевајќи се на оздравување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.