Невестата од Норвешка и младоженецот од Шведска своите завети ги размениле пред неколку дена на церемонија одржана на самата граница помеѓу овие две земји, одвоени само со бела лента. Секој од нив физички се наоѓал во сопствената држава, придржувајќи се до мерките за заштита од коронавирусот.
Со оглед на тоа дека Шведска имала поопуштен пристап во борбата со заразата во однос на останатите држави, соседните земји како Норвешка не ја ставиле на списокот на земји во кои смее да се патува.
Затоа, парот одлучил да ги размени заветите во шума во југоисточниот норвешки регион Холебек, на самата граница со Шведска.
Двојката за БиБиСи рекле дека повеќе не можеле да чекаат на одлуката за укинување на ограничувањата, а интересно е тоа дека невестата Камила Оијорд на шега ја кажала идејата за ваквата венчавка, и како што вели, пријателите и семејството замислата ја прифатиле со воодушевување.
Не сакавме да го менуваме закажаниот датум, сакавме да се венчаме – рекол парот.
Младоженецот Александер Клерн на новинарите им рекол дека тој и неговата избраничка не очекувале дека било кој од нивните пријатели ќе присуствува на свеченоста, со оглед на тоа дека патот до избраното место води по долг шумски пат. На крајот двајцата биле воодушевени од бројот на гости на ‘шумската церемонија’. Меѓу непоканетите гости биле и двајца полицајци. Тие се грижеле за тоа никој да не ја премине границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.