Велики петок е најтажниот ден во календарот на секој христијанин. Постојат неколку правила кои треба да се почитуваат на тој ден.

Традицијата вели дека Велики петок строго се празнува. Жените не смеат никако да земат игла во рацете, бидејќи се верувало дека ќе им излезат пликови по рацете. На овој ден не се гори оган, ниту се вриe.

И леб не се меси на овој ден. Народот верувал дека на овој ден најдобро е да се калемат овошки, бидејќи се што ќе се накалеми на овој ден, се фаќа.

Велики петок за сите христијани е најтажен празник и ден на строг пост. Според верувањата на овој ден не треба да се работи ништо во куќата ниту на нивите.

Но ова не се единствените верувања кои се однесуваат на овој ден. Постојат различни верувања и обичаи кои треба да се направат токму на Велики петок за целата година да ни тече добро.

Во минатото девојките на Велики петок краделе цвеќе од црковниот двор по литургијата и пред спиење ги ставале под перница бидејќи се верувало дека токму таа ноќ ќе го сонуваат својот иден сопруг.

Интересно е верувањето особено за оние кои страдаат од мигрена, дека треба да ја измијат косата на Велики петок и во текот на целата идна година нема да имаа главобилки, под услов никогаш да не ја мијат косата во петок.

Иако не смее да се работи ништо во куќата доколку се мете, тогаш таа метла треба да се фрли преку потокот за да се истераат несаканите души. Метлата е симбол кој го чисти злото, така што оние кои метат зад себе го чистата сето лошо во нивниот живот. Во овој случај метлата е метафора дека се очекува време на чистина бидејќи доаѓа крај на очајувањето и влегуваме во прекрасен празник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.