Поранешната прва дама по долго време е уловена во јавноста, овојпат во друштво на нејзиниот син Барон во Њујорк. Во нејзиното прво појавување во јавноста откако го напушти Вашингтон во јануари годинава, поранешната прва дама Меланија Трамп беше фотографирана како пристигнува во „Trump Tower“ на Менхетен.
Ова е вистинска реткост, затоа што Меланија не е видена надвор од Палм Бич откако таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп се преселија таму во приватен клуб.
View this post on Instagram
Извори блиски до поранешната прва дама претходно открија дека поголемиот дел од времето го поминувала во прватниот клуб во Флорида на спа третмани и во друштво на нејзиниот 15-годишен син Барон. Тој, пак, веќе не е малото исплашено момче кое срамежливо влезе во Белата куќа пред неколку години, туку е извишен млад маж, кој сè повеќе личи на неговиот татко.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.