Метеорскиот дожд „Леониди“ се појавува токму вечерва. Нашата планета секоја година во ноември поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. На површината, ние ги гледаме овие делови што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат.
Името на метеорскиот дожд доаѓа од соѕвездието Лав, од кое изгледа дека метеорите зрачат додека ги гледаме на небото.
Во текот на овој метеорски дожд понекогаш може да се забележат над 1.000 ѕвезди што паѓаат во еден час. Овие метеори што паѓаат се светли и многу брзи. Не се очекува овогодишниот метеорски дожд да биде толку активен, но вреди да се гледа.
Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември, кога би можеле да се видат до 15 метеори на час, но можеби тешко ќе се гледаат поради Месечината.
Метеорите најдобро може да се видат на место со минимално светлосно загадување, а се препорачува навикнување на очите на темнината за подобро да се забележат.
Метеорскиот дожд може да се види насекаде на северната хемисфера, а најдобро се гледа во часовите пред зората.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.