Поранешниот зет на Драги Космајац, Ѓорѓе Зафировиќ Зафир убиен е во Футог, кога непознати напаѓачи во него испукале повеќе куршуми додека седел во автомобилот. Починал на лице место.

А само пред една недела по интернет кружеше скандалозната преписка на Зафир со старлетата, модел и актуелна задругарка Ана Корач, со која наводно бил во врска неколку месеци пред атрактивната црнка да ѝ се препушти на ријалити играта.

Во преписката Ана му барала наркотици, како и 2.000 евра за чевли, а тој бил повеќе од подготвен да и даде се.

Срце, дали си можеби во блокот А?Ми требаш нешто, дали во себе имаш кеш? Ми треба нешто да платам. Имам вечерва настап, па ќе ти вратам утре. Јави се да се видиме – му порачала Ана.

Бидејќи тој тогаш не бил таму, прашал кога сака да ѝ испрати по некого онолку колку што ѝ треба. По благодарноста, добила одговор кој ја кутнал од нозе.

На мажите им се позајмува, а на жените им се подарува – одговорил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.