Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ синоќа ненадејно почина, а причината бил срцев удар. Во интервју за хрватски „Дневник“, д-р Гзим Реџепи вели дека тој вечерал со Бандиќ во моментот кога му се слошило.
Бевме на вечера кај еден пријател. Вечеравме околу 8 навечер, пиевме кафе, седевме и разговаравме. На Бандиќ му се слоши за време на вечерата и едноставно падна од столот. Почнав реанимација. Брзата помош дојде многу брзо и тој беше жив кога пристигна. Реанимацијата продолжи во болницата Светиот Дух, но за жал, тие не успеаја да го спасат, рекол докторот.
Инаку, Бандиќ со години имал големи проблеми со здравјето. Тој во 2003 година доживеал и тежок мозочен удар. Пред три години му бил вграден стент, а во јуни минатата година бил хоспитализиран. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.
Милан Бандиќ почина синоќа на 66-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.