Полицијата во Викторија, Австралија, пронашла четворица мртви во семеен дом, а меѓу жртвите се мајка и три деца, пренесува „Дејли меил“.

Полицијата се сомнева дека трите деца – Клер (7), Ана (5) и Метју (3) биле убиени од нивната мајка Кејти Периновиќ (42), која потоа извршила самоубиство.

Телата на жртвите полицијата ги пронашла во четвртокот во домот на Периновиќ, откако сопругот на Кејти, Томислав (48) ги алармирал службите.

Истражителите од Одделот за убиства, во изјава за медиумите, потврдија дека Периновиќ не бил вмешан во убиството, па веднаш излегол од затвор.

Тажни пријатели и соседи на Периновиќ изјавија дека Кејти се однесувала чудно неколку недели.

Неколку недели пред овој немил настан, Кејти и нејзините деца присуствуваа на роденденската забава на мојата ќерка. Кејти беше невообичаено тивка и никогаш претходно не сум ја видел во тоа издание. На роденденската забава имаше уште неколку мајки кои веднаш го забележаа нејзиното чудно однесување, изјавила соседката Мери Гроувс.

Пред три месеци Кети неочекувано дала отказ од својата работа каде со години работела како психотерапевт, а нејзините пријатели и познаници се сомневаат дека причината била депресија.

Според порталот Хералд Сан, семејството Периновиќ има хрватско потекло. Тие исто така пишуваат дека моминското презиме на починатата жена било Блажевиќ, а нејзината мајка, исто така, наводно живее во Австралија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.