По два месеци поради коронавирус трговските центри во Малезија се отворија, а вработените беа пречекани од грозоморна глетка при отворањето на продавниците и кината.
Поради фактот што вентилацијата и климатизерите во продавниците не работеле два месеци, уништени се кожни чевли, торби и многу други предмети и парчиња мебел.
Мувлата навлегла во стотици предмети во трговски центар во Малезија, а на својот фејсбук профил страшните фотографии ги објави еден Малезиец.
На сликите е прикажана огромната штета предизвикана од исклучената вентилација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.