Полицијата во еден стан во Виена ги пронашла мртвите тела на Весна М. (45), како и нејзините 18-гoдишни ќерки близначки, а со аутопсија е утврдено дека мајката и ќерката починале од глад.
Извршена е обдукција,. Како што сега стојат работите, првичните рзултати укажуваат на тоа дека смртта на трите женски лица настапила како резултат на тоа што неколку дена воопшто не консумирале храна, односно од состојба на глад“, изјавил портпаролот на полицијата во Виена, Патрик Мајерхофер.
Се претпоставува дека смртта настапила кон крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени откако загрижените пријатели на семејството ги алармирале пожарникарните служби и полицијата.
Како што пренесуваат српските медиуми, соседите на мајката Весна М, тврделе дека станува збор за психички болна личност, а дека речиси никој не доаѓал да го посети семејството.
Тие ретко ги гледале мајката и близначките во соседството, но затоа често слушале викање и бучава од нивниот стан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.