Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по новиот календар, или 15 август по стариот календар. Тогаш, илјадници верници го посетуваат манастирот во селото Скребатно. Таму по традиција се организира голем црковно народен настан со вкусен ручек за посетителите.
Манастирот во Скребатно е едно од најубавте и најуредените излетнички места во земјава. Сместен во висините на Петринска планина во живописна природа.
Имотот на мнастирот е голем и опфаќа ливади, шума, река со мали водопади, чешма со вонредно студена вода, кујна опремена со прибор за 5.000 гости, отворени шанкови, скари, маси за ручање на повеќе места во комплексот, уредени и чисти тоалети, приклучоци за струја низ целиот комплекс, спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет, рибник и се разбира реновираната црква Света Богородица. Сето погоре набројано е на располагање на посетителите 24 часа без никаков надоместок.
За празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.