Јапонска вселенска капсула со примероци од астероиди кои треба да дадат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата, успешно слета во оддалечен дел од ненаселена внатрешност на Австралија.
Вселенското летало „Хајабуса 2“ лансираше мала капсула од вселената кон Земјата со примероци собрани на површината на далечен астероид.
Припадници на јапонската вселенска агенција без тешкотии ја пронајдоа капсулата околу два часа откако влезе во атмосферата на Земјата и слета во австралиска пустина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.