По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата.
Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган.
По медицинските прегледи, тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома.
Касиди, Иванишин и Вагнер поминаа 196 денови во Вселената.
Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс и астронаутите Сергек Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од Роскосмос пред една недела пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде што ќе претстојуваат шест месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.