Главна тема во британските медиуми последниве денови е наводната бременост, четврта по ред, на војвотката од Кембриџ. Во април минатата година, сопругата на принцот Вилијам го роди третото дете, принцот Луј, а деновиве се спекулира дека убавата Кејт Мидлтон е повторно бремена.

Злобниците коментираат дека со новата бременост Кејт сака да ја утврди доминацијата во кралското семејство, бидејќи нејзината јатрва Меган Маркл, со која наводно не е во добри односи, напролет ќе го роди првиот наследник на принцот Хари.

Гласините за приновата ги „подгреа“ фактот што се’ уште не пристигнал демант од Кенсингтонската палата, каков што беше случајот досега – кралското семејство веднаш ги демантира сите гласини и им застанува ба патот на трачевите. Но не и овој пат…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.