Eдна од најпопуларните поп-ѕвезди во Јужна Кореја, 25-годишната Сули, е пронајдена мртва во својот стан во близина на Сеул, соопштила корејската полиција. Ја пронашол нејзиниот менаџер. Причината за смртта сè уште не е прецизно утврдена, но се шпекулира дека станува збор за самоубиство.
На Инстаграм ја следеле скоро 6 милиони луѓе, а била членка на популарниот бенд F(х) сè до 2015 година, кога ја напуштила групата за да се фокусира на актерската кариера. Исто така, се зборувало дека ја напуштила музичката сцена откако долго се борела со навредите и злоставувањето на социјалните мрежи.
Сули била блиска пријателка со поп-пејачот Џонгин, кој си го одзел животот во 2017 година на 27 години.
Контроверзната Сули во Кореја била позната како некој без влакна на јазикот, нп јавноста повеќе ѝ замерувала за слободното однесување и тоа што никогаш не носела градник. Првата слободна фотографија ја објавила на Инстаграм во мај 2016 година, а минатиот месец нејзините гради „случајно испаднале“ за време на вклучување во живо на Инстаграм, што повторно предизвикало негодување во конзервативната Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.