Во британските медиуми се појави приказна за заедничко дете кое принцот Чарлс и војвотката Камила го добиле како тинејџери.

Имено, инженерот Сајмон Чарлс Доранте-Деј(55), кој денеска живее во Квинсленд тврди дека баба му која го усвоила, рекла дека војвотката од Корнвол е негова мајка. Тој тврди дека со осум месеци го усвоил брачниот пар Карен и Давид Деј и дека родителите на неговите усвоители работеле за покојниот војвода од Единбург. Со години истражувал и излегол со приказна дека е потомок на кралското семејство, тврдејќи дека има доволно докази тоа да го докаже.

Неколку пати рекол дека би сакал ДНК тест да ја докаже неговата семејна врска и дека на парот за кој тврди дека му се родители, му пишал 2012 година.

Оваа недела Сајмон, кој е татко на 9 деца, сподели фотографија од својот син, како би докажал дека се поврзани со кралското семејство, тврдејќи дека 14 годишното момче е плукнато Елизабета втора.

Тој нагласува дека не сака кралска титула ниту пари, туку едноставно да дознае кои му се родители.

Во интервју за Нев Идеа во февруари 2019 година, Сајмон рекол дека верува дека принцезата Дајана знаела за неговото раѓање и дека се подготвувала да излезе во јавност пред нејзината смрт во 1997 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.