По вчерашните патешествија на патниците на летот Скопје – Берлин кои по два сменети авиони пристигнале на својата крајна дестинација по повеќе од 4 часа доцнење, очевидци сведочат за вербален инцидент кој се случил вчера, а во кој биле вклучени патници и вработени во компанијата ТАВ која стопанисува со аеродромот.
При вадењето на патниците од авионот кој со задоцнување од над 2 часа требаше да замине за Берлин и кој според капетанот имал проблеми со некои од сензорите, дошло до вербална расправија меѓу неколку патници и персоналот на ТАВ.
Причината била тоа што патниците (меѓу нив и луѓе со бебиња и во иннвалидски колички) кои се враќале од авионот кој имал технички проблем, не знаеле зошто дополнително мораат да чекаат во ходникот кој ги поврзува гејтовите и пистата.
Откако еден од вработените на ТАВ на дел од патниците им се обратил само на албански јазик, тие побарале да добијат објаснување и на македонски јазик но не го добиле.
Вработениот во ТАВ најверојатно повикувајќи се на Законот за јазиците одбил да даде објаснувањe, по што дошло до кратка вербална расправија која завршила откако во објаснувањето се вклучиле и други вработени од аеродромскиот персонал кои биле одговорни за прием, контрола на карти и испраќање на патниците на летот.
Извор – expres.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.