Советниците на утрешната седница на дневен ред ја имаат точката за Предлог-програма од област на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид. Одлуката значи определување на цените на парцели кои се предмет на издавање под краткотраен закуп односно плажите.

Еднаш веќе беа изгласани почетните цени пред нецела година, а сега се предлагаат други износи и повеќе од двапати пониски од претходните. Лавиринтите во урбанизмот никако да го најдат вистинскиот пат.

извор: ОХРИД 24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.