Најстариот бел носорог во светот умрел на 54 години во Зоолошката градина „Парко натура вива“ близу Верона во северна Италија.

Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој се струполил одејќи кон своето ноќно засолниште и по околу половина час неговото срце застана – соопшти Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина.

Тоби ќе биде балсамиран и изложен во Музејот за природни науки во Трентo, каде ќе му се придружи на бел лав од Зоолошката, кој угинал пред пет години.

Белите носорози обично живеат до 40 години во кафез и до 30 години во дивината – вели Пенакиони.

По смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, смртта на Тоби ја остава „Парко натура вива“ само со еден бел носорог – Бено, кој има 39 години.

Белите носорози се исклучително редок вид животни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.