Дали знаете дека 25 проценти од флертовите се прават за забава, а 30 проценти се наменети за пронаоѓање на партнер. Научниците тврдат дека две минути кокетирање со очите е доволно меѓу двајцата да се појави желба за нешто повеќе.

Иако можеби тоа се чини премногу кратко, факт е дека контактот со очите е мошне важен и игра голема улога во освојувањето на посакуваната личност.

Да се разбереме, флертот е уметност! Ако не ни верувате, само продолжете да читате понатаму.

1. Флертот е универзална појава. Кога флертуваат, личностите од различни краеви на светот воглавно испраќаат слични сигнали кон поединецот кој им се допаѓа.

2. Во еден стар закон во Аризона, нагласено е дека повременото суптилно допирање во текот на разговорот и флертувањето може да бидат санкционирани со казна затвор во траење од 30 дена.

3. Денес флертот не се поврзува само за слободното време и излегувањата. Се почесто се флертува и на работа, на пат до училиштето, во продавница и слично.

4. Во Викторијанското време лепезите имале значајна улога при флертувањето. Ако некоја дама ја поставела преку срцето, јасно му сигнализирала на момчето дека токму тој е го освоил нејзинито срце.

5. Женско оружје при флертувањето се провокативните погледи, додека машките најчесто длабоко вдишуваат за да го прошират градниот кош.

6. Личноста која добива најголемо внимание на некое место не е секогаш најатрактивната, туку онаа која умее најдобро да флертува. Во просек, некој кој во текот на еден час ќе испрати 30 флерт-сигнали, добива до 4 романтични понуди во текот на тој период. Е сега, 30 сигнали за еден час можеби звучи премногу, но добрите љубовници рекле дека добар флерт злато вреди.

7. Постојат околу 50 невербални знаци кои жените може да ги користат при флертувањето. Еден од нив е неизбежното играње со косата.

8. Потребни се три погледи за да се испрати сигнал. Треба да погледнете некого три пати пред тој да сфати дека ви се допаѓа. Еден трик кој ќе помогне да натерате некого да погледнува во вас почесто отколку што е нормално е да го задржите погледот кон него 2-3 секунди. Можеби не изгледа многу, но во тој момент трае како вечност. Неромантичните погледи во просек траат 1,8 секунди.

9. За жал, денеска најчесто се флертува преку интернет или преку мобилните телефони.

10. Понекогаш флертувањето не е тоа што изгледа. Истражувањата покажале дека мажите имаат тенденција рутински да го помешаат пријателското однесување со елементи на флерт.

11. Моќта на црвената боја. Научно е докажано дека црвениот кармин или фустан и тоа како помагаат во привлекување на вниманието кај спротивниот пол. Истовремено, оставаат и впечаток на поголема сексуална слобода.

12. Допирите се задолжителни! Постојат три нивоа на допири: пријателски (рамена), нешто повеќе од пријателски (половината или подлактицата) и нуклеарен кој што го вклучува лицето.

13. Но, треба да се знаат и некои граници. Според статистичките податоци, најчеста грешка при флертот е премногу контакти со очите. Тоа лесно може да се претвори во неумесно зјапање во некого.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.