Актерката Ума Турман, најпозната по улогата во филмовите „Убиј го Бил“ во 1998 година се омажила за Итан Хок. Во 2003 кога била на врвот од својата кариера, се развела од актерот со кој во бракот ги добила двете деца, но неговата афера со дадилката ја пресудила нивната љубов. Итан, љубовта кон дадилката не ја криел, туку подоцна и ја оженил.

Освен бракот со Итан Хок, зад неа е и краткиот брак со Гари Олдмен.

Неодамна, Ума Турман го обвинила американскиот продуцент Хави Вајнстајн за сексуално вознемирување. Таа во големото интервју за Њујорк Тајмс рекла дека била една од жртвите на Вајнстајн и раскажала за она што со години ја мачело.

Инаку, Харви и Тарантино се приајтели, а Ума Турман со години била муза на Тарантино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.